Поради пандемијата со корона вирусот, 60 јубилејно издание на фестивалот „ Охридско лето“, ќе започне на 4 август и ќе трае до 30 во месецот, информира директорката Наташа Поповиќ. Програмата ќе оди во живо, со почитување на протоколите од Комисијата за заразни болести, Министерството за здравство и Уредбата на Владата.

Сите настани ќе се одржат во живо и на отворено, на сцените на Античкиот театар, Долни Сарај и предворјето на црквата Света Софија. Капацитетите ќе бидат исполнети само 50 отсто со гледачи, а задолжително е носење маски и со дистанца и меѓу публиката и уметниците, потенцира директорката на фестивалот, Наташа Поповиќ.

Билетите ќе се продаваат онлајн, но и на продажните места на „Охридско лето“, а заинтресираните ќе треба да ги купуваат со почитување на меѓусебното растојание, еден по друг. Содржините на фестивалот ќе бидат објавени на прес конференција за десетина дена, во присуство на селекторите на драмската и музичката програма на фестивалот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.