Во големата сала на Македонската филхармонија, вечерва со почеток во 20 часот нашиот пијанист Дино Имери ќе одбележи значаен јубилеј – 10 години уметничка кариера.
Специјални гости на концертот ќе бидат Влатко Стефановски, Благој Нацоски, Камерниот оркестар на МММ и Дијана Имери Илкоска како диригент, Бојан Илкоски, Марија Јакимовска, Богдана Бушевска, Биљана Јосифов, Инес Неделковска, Ади Имери и Ивана Коцевска, а водител ќе биде Јана Серафимовска.
На концертот ќе бидат изведени дела од класичниот репертоар како Равел, Пјацола, Дворжак, Доплер, но и авторската композиција на Имери “Сон” напишана за Благој Нацоски, дело од Дамир Имери, како и многу други специјални изненадувања.
Дино Имери (1990) се смета за еден од најреномираните македонски пијанисти на новата генерација класични музичари. Своето образование го стекнува работејќи со проф. Људмила Романова и проф. Борис Романов (во чија класа и дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје со Cum Laude), како и со проф. Симон Трпчески, во чија класа магистрира на само 22-годишна возраст со просек 10 и со почести Cum Laude. Во својата досегашна дејност, Имери имал многубројни настапи во Македонија, но и во странство, и бројни награди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.