Кога не се револтирате на ова расфрлување со пари, после не постирајте RIP Mаестро, коментира активистот Ивор Мицковски, на веста дека Жељко Јоксимовиќ ќе го затвори овогодинешното „Охридко лето“.
Жељко Јоксимовиќ кризно ќе мора да биде потпомогнат од богатиот македонски народ.
Мерлин веќе го спасивме, Цеца штета има корона инаку и она ќе дојдеше, сега ќе мора да пее за Вучиќ, јебига.
После не постирајте RIP Маестро живи се, кога не се револтирате на ова расфрлување со пари, коментира Мицковски.
Јавноста вчера бурно реагираше по објавувањето на програмата на Фестивалот, коментирајќи дека изминативе години настапувале светските ѕвезди како Хозе Карерас, Енио Мориконе, Џеси Норман, Вадим Репин, Џулијан Рахлин, Стефан Миленковиќ, шпанската атракција „Ла фура дел баус“ и други, а на Јоксимовиќ не му е местото тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.