Аудиоснимка на која се слуша гласот на Весна Гиновска Илкова, член на Комисијата за подготвување на годишна програма на Министерството за култура во изминатите неколку години, беше објавена на порталот „Инфомакс“. Во неа сопранистката зборува за притисоците кои ги трпела за изготвувањето на скандалозната програма, која веќе две години по ред одново и одново шокира со тоа какви проекти, уметници и културни дејци се поддржани.

Во аудиоснимката Гиновска Илкова вели:

Значи јас сакам, пред мене, мојата совест да биде чиста. Али чувствував потреба да седнам и да го кажам ова. Како што исто чувствувам потреба дека така јебано се осеќам во онаа комисија (во МК), со страшни притисоци, со невидени притисоци, пошто ја не сум човек којшто одработува. Значи со страшни притисоци, јас, сеуште. Фала богу едвај чекам да заврши.

 

После овој аудио материјал и резултатите од конкурсот, во прашање се доведува интегритетот и кредибилитетот на лицата кои биле дел од оваа Комисија кои сега би требало на јавноста да и дадат одговори-од кого дошле тие притисоци и дали тие потклекнале на нив или пак, со чиста совест ги донеле и стојат зад своите одлуки.

Инаку, покрај тоа што, Весна Гиновска Илкова е член на Комисијата за подготвување на Годишната програма на Министерството за култура, таа и во моментов е советник на претседателот на државата Стево Пендаровски. Член е и на Советот за култура на Министерот за култура. Неодамна, преку неколку портали, беше обзнането дека Министерот кој токму таа таа го советува, донел одлука да и додели средства за најзиниот јубилеен концерт. За организација на истиот, земала 600.000 денари. Концертот, патем, не се ни одржа, ниту пак има најави-дали ќе се одржи или пак советничката на Министерот има намера овие пари да ги врати.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.