Вторник (14.03.2023) во 20 чaсот во КСП Центар Јадро ќе биде отворена изложбата „To Exciter/ За Возбудувачот“ | Изложбата ќе биде отворена од 14 до18 март.
„За Возбудувачот“ е проект на дигитална фотографија од Лука Кекиќ, кој ја симболизира неговата потреба за нова перспектива и неговото истражување на актуелниот свет.
Главната инспирација за оваа изложба е теоријата дека не сите луѓе ги гледаат боите исти, и дека црвеното на еден поединец може да биде сино на друг, па оттука произлегуваат визуелно претставените абнормални бои.
Покрај самите фотографии, овој проект вклучува и видео инсталација, која е придружена со оригинален саундтрак, кој е инспириран и зема примероци на звуците снимени од телескопите Хабл и Џејмс Веб на НАСА.
Изложбата е составена од фотографии чии визуелен стил е концентриран околу улична фотографија и флорална фотографија, во негативни и термички ефекти.
Целта на оваа изложба е да и овозможи на публиката нова „перспектива“ за светот во кој живееме и да ја мотивира мислата дека секој поединец има различна перцепција и идеја за животот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.