… Делата што Фидановски ни ги прикажува на оваа изложба, посебно бистите од третиот циклус – „Дијалози во боја“, се на некој начин автобиографски. Автобиографијата има привилигиран статус во хиерархијата на дискурсите кои потекнуваат од западно-европскиот свет, а идејата дека уметничкото дело е начинот на кој се исповедаат личните „вистини“ ја завзема централната позиција во модерната уметничка теорија. Во таа теорија, основниот однос на уметникот и делото, кое патем речено се раѓа во уметникот на еден мистериозен и таен начин (во овој случај и во печките на Филип кои развиваат галактички температури), секогаш може да биде искажан со некоја математичка, опиплива форма.
Но, мајсторството на формата не е основната цел на Фидановски. Напротив, адаптирањето на истата за да може да се искаже нејзиното внатрешно значење е неговата идеја водилка. Оттаму, основните квалитети на фотографијата како апсолутен показател на реалноста и сета нејзина моќ на верно репродуцирање, посебно кога станува збор за портретот, овдека го губат својот примат. Аплицирањето на нечие туѓо лице врз својата биста има исповедувачки модалитет во кој уметникот на делото му дава автобиографска димензија, а која гледачот мора сам да ја протолкува….
За изложбата ТРИЛОГИЈА , ЛИКОВИ – ЛУЃЕ, ќе напише во каталогот  Др. Кирил Пенушлиски , историчар на уметност.

Изложбата ТРИЛОГИЈА, ЛИКОВИ- ЛУЃЕ на Филип Фидановски ке биде отворена во Среда 27 ноември 2019 год. во 20 часот во галерискиот простор на АРТ ХУБ уметничкиот центар во ГТЦ на 2 кат.

Фидановски е професор во ДСУЛУД Лазар Личеноски и актуелен претседател на ДЛУМ. магистрира на Националната уметничка академија во Софија. Од 1995 до денес учествува на многу групни изложби во Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Белгија, Египет, Италија… Учествува и на голем број на уметнички симпозиуми и колонии во Македонија и странство.


Добитник е на следниве награди:
2000 – Трета награда за млад автор на Петтото интернационално биенале за керамика, Каиро, Египет (Бронзена плакета),
2007 – Награда за скулптура „ЈОРДАН ГРАБУЛ” на ДЛУМ,
2015 – Награда за скулптура мал формат „ДИМО ТОДОРОВСКИ“ – ДЛУМ,
2018 – Награда „КОНСТАНТИН МАЗЕВ“ за мал формат од Културно информативен центар КИЦ – Скопје,
2018 – Награда за скулптура на ДЛУМ, Скопје.

Ги реализира следниве самостојни изложби:
2002 – Скопје, Музеј на Град Скопје, Фестивал Скопско лето, Македонија,
2004 – Скопје, Културен центар „Точка“, Мулти медијален проект, Македонија,
2004 – Скопје, Национална Галерија на Македонија, Чифте амам, (заедничка изложба со В. Осојнички и К. Џидров), Фестивал Скопско лето, Македонија,
2006 – Скопје, Музеј на Современата уметност, Македонија,
2007 – Софија, Културно информативен центар на Р. Македонија во Бугарија,
2009 – Кавадарци, Градска галерија, Дом на културата „Иван Мазов – Климе“, Македонија,
2009 – Велес, Градска галерија, Музеј и завод на град Велес, Македонија,
2009 – Тетово, Уметничка галерија Тетово, Македонија
2009 – Белград, 15-ТО БИЕНАЛЕ НА КЕРАМИКА БЕЛГРАД, (гостување со самостојна изложба) Галерија КУЌА ЛЕГАТА, Белград, Србија,
2010 – Скопје, Галерија 8, Скопје, Македонија,
2013 – Скопје, Галерија „Лазар Личеноски“ при ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ –Скопје, Македонија,
2016 – Скопје, Музеј на град Скопје, Македонија,
2017 – Скопје, ЕУ- инфо центар, Скопје, Македонија,
2018 – Скопје, Младински културен центар, Скопје, Македонија,
2019 – Скопје , „Арт Хуб“ уметнички центар – ДЛУМ , Скопје, Македонија.

Ве очекуваме во среда на 27 ноември во галерискиот простор „АРТ ХУБ“ уметничкиот центар во 20 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.