На 24 декември, понеделник, во 12 часот, во холот на НУ Музеј на македонската борба ќе биде отворена изложбата „Спомени од Првата светска војна“ со која ќе одбележиме 100 години од крајот на еден од најкрвавите и најдраматичните настани од светската историја.
Со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија, тематската мултимедијална изложба ги опфаќа најзначајните настани, процеси и сведоштва од Големата војна во Македонија. Преку различни видови и форми меморија – документарни материјали, фотографии, лични сведоштва, поткрепени со богат музејски фонд, изложбата ги презентира војничкиот живот, но и животот во време на војна од наша, автентична, перспектива.
Изложбата ќе ја отворат г-дин Асаф Адеми, министер за култура на Република Македонија и Н.Е. Кристијан Тимоние, Амбасадор на Република Франција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.