На 21.12.(петок), во 20.00 часот, во Музејот на град Скопје ќе биде отворена изложбата: „Скопје пред 8 милениуми_2: првите керамичари од Церје – Говрлево“ и ќе трае до 31.01.2019 година.
Во рамките на изложбата низ повеќе илустративни паноа и археолошки предмети ќе биде обработена темата за раните керамички садови во Република Македонија преку керамичкиот материјал од Церје – Говрлево. Станува збор за поголем број експонати од раниот, средниот и доцниот неолит, односно периодот меѓу 6000 и 5300 г. пр.н.е. Меѓу другото, за оваа пригода е изготвено и печатено издание во кое свое место имаат пет труда поврзани со различни прашања од раното керамичко производство низ целиот свет и Балканот, со посебен осврт на материјалната култура од споменатиот локалитет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.