Денеска (25.07.2019, четврток), ќе се отвори изложба на фотографии „Скокаме заедно“ во 16:00 часот во Skopje City Mall. Изложбата е во соработка со Амбасадата на Државата Израел и Acta Non Verba.
Познато е дека гравитацијата влијае на сите, големи или мали, црни или бели, Евреи или Арапи, на сите.Како што оваа природна сила влијае на нас, така и други сили влијаат, поделувајќи нè во категории и ограничувајќи ја секоја личност со граници.
Како што ги читаме овие реченици, се обидуваме да ја откриеме групата на која припаѓа овој писател. На оваа или онаа група, десно или лево, на овој оддел или друг. Со цел да постигнеме взаемно разбирање, да ги спречиме осудувањата, да ги скршиме неправедните општествени норми и да излеземе од нашата „безбедна комфорт“ зона, треба да вложиме труд. Или, кажано со други зборови, едноставно треба да скокнеме.
„Скокаме заедно“ е нова изложба на фотографии која раскажува неконвенцијална приказна
Дипломат од Министерство за надворешни работи, амбасадор кој носи одело и вратоврска, ултра – ортодоксен Евреин кој е израелски првак во капуера, група арапски капуератисти од север, ултра – ортодоксна младина од Бнеи Брак, група од хадистички Евреи од Ерусалем и група на млади луѓе со посебни потреби. Сите овие се собираат заедно за сесии на скокање и необични вежби во дворот на црквата во Абу Гош, во стариот град на Ерусалим, во пејсажите на Израел.
„Скокаме заедно“ е изложба која претставува скок против природата, скок до взаемно разбирање, скок за коегзистенција и скок за подобар свет.Скоковите беа фотографирани од фотографите: Шломи Амсалем, Јордан Полвој, Шломо Гелбер. Амир Ешел, Еран Гил и Јехезкел Еткин.Организациите кои учествуваа во проектот: Еран Арфи е тренер во групата Абада Капуера, најголемата и најпрофесионалната капуера група во светот, основана од Маастра Камиза од Бразил. Групата е активна во Израел веќе 30 години и е иницијатор на групни активности во кои се измешани Евреи и Арапи заедно, со меѓусебно разбирање дека секој може да учествува и да биде прифатен од другите.
Еран е тренер во Северот преку една деценија и специјализира во работа со лица со посебни потреби и хендикеп. Тој е советник во измешни групи од Евреи и Арапи. Неговите предавања понекогаш се држат без ниту еден кажан збор, со оглед на фактот дека двете групи не можат да го разберат туѓиот јазик. Затоа, предавањата се држат преку капуера.
„Харедим Ла Кетцев“ (Харедим на ритамот) е непрофитабилна организација за развој на спортот во ултра – ортодоксниот оддел и рехабилитација на младината во ризик, преку боречки вештини, основана од Мики Хајат, израелски првак и сениорски тренер за капуера, на Абада Капуера групата. Тој е тренер последниве десетина години во ултра – ортодоксниот оддел и оддржува заеднички состаноци и тренинзи меѓу ултра – ортодоксни и секуларни младински групи, состаноци кои инаку никогаш не би се оддржале. Преку овие сретнувања, се поттикнува коегзистенција, разбирање, воочување разлики и прифаќање на другите.
Дан Оријан, израелски амбасадор во Македонија, директор на одделот за балканските држави во Министерството за надворешни работи, има скокано низ светот со години. Иако веќе има 52 години, сеуште треба да одлучи што сака да стане кога ќе порасне. Дан, исто така, напиша книга за деца на таа тема. Оженет е за Шарон и има три деца. Сепак, тоа не го спречува да скокне повторно. Во исто време, вложува огромен труд да создаде уникатни шанси за соработка во Израел и на Балканот. „MUSIC4LIFE“ е организација која има за цел преку музиката и креативноста да ги интегрира младите лица со посебни потреби во општеството. Водена е од Офра Кохен, социјален претприемач од Кфар Саба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.