Интердисциплинарната изложба „Приватни демони“ на авторката Маја Јаневска-Илиева во соработка со Велимир Жерновски ќе се отвори на 27 јуни, со почеток од 21 часот во горното фоаје на Младинскиот културен центар, a во рамки на шестото издание Ин Ситу – саемот на уметност.
На изложбата ќе бидат претставени 12 панели со отпечатени фотографии снимени на иста локација, но на различна светлинска изложеност (едната денска, другата навечер). На вечерната фотографија, Жерновски врши светлинска интервенција користејќи ја темнината како платно за цртање на неговите фантастични форми. Изложбата има за цел, преку визуелна манипулација, да ја истражи можноста за јавниот простор да се претвори во приватен, а при тоа да не се наруши неговата категорија на отвореност за сите, велат организаторите.
Ин Ситу – саемот на уметност се одржува од 27 до 30 јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.