HERITAGE утре ќе ја претстави новата колекција на накит, под името “Триста чуди”. Изложбата ќе биде отворена на 13. декември, во 20 часот на поткровјето на Јавна Соба. Накитот е дело на Елена Кичевска, кој во иминативе години во повеќе наврати пред македонската публика се претстави со рачно изработени икони и накит.

Елена Кичевска е родена, живее и работи во Скопје. Своето средно образование го завршува во Училиштето за применета уметност „ Лазар Личеновски „ од каде потоа го продолжува своето образование на факултетот за Политички Науки во Скопје. Последните 13 години работи на проекти кои се финансирани од Европската Унија, како нивни адмнистративен персонал. Со сликање на икони започнува во 2001 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.