Ликовната изложба на младата уметница Бранкица Јордановска со наслов „Маска или преобразба на изопаченото“ ќе биде дел од годинешното издание на „Здраво млади“.

Изложбата е составена од серија на графики, цртежи и објекти карактеристични за уметноста на Јордановска, како објекти што ја истражуваат маската како ликовна, формална и шпекулативна фигура. Изложбата ќе биде поставена во рамките на фестивалскиот простор во паркот зад МКЦ отворена за сите посетители на фестивалот.

Со тоа, ја заокружуваме и целосната програма на 11-тото издание на ЗДРАВО МЛАДИ закажан за 27 август, на кој ќе настапи најсвежиот руски звук Shortparis, миленикот на скопската публика Hercules & Love Affair или Andy Butler, грувот на векот концентриран во Murman Tsuladze, белградските KOIKOI, домашните Iskra и Blackstate, шпанските постпанкери Belgrado, мистичниот романтик Peki Pele, најтазе бендот од македонската алтернативна сцена Lufthansa и единствениот Ирец од македонската дијаспора DJ FITZ.

Програмата ќе се реализира на 27 август (петок) во паркот зад МКЦ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.