Денес (21 Мај 2019), во изложбениот простор на Културно-информативниот центар на Македонија во Софија, ќе биде отворена изложбата ,,IMposter“ на Маријана Иванова. Изложба на младата уметница е дел проектот ,,Поврзување’’ на КИЦ на РСМ во Софија и се состои од плакати од нејзините дипломските проекти.
Изложбата опфаќа 23 плакати. Седум од плакатите се инспирирани од романите на нобеловецот Херман Хесе. Истите беа дел од изложбата на летната академија во Дом Витгенштајн во Виена, Австрија во 2017 година, и дел од ,,IMposter” (2017, 2018) – првата самостојна изложба на Маријана Иванова. Останатите 16 се филмски плакати.
Маријана Иванова е родена во Кочани, Македонија на 14.06.1994 година. Додипломските студии ги завршува на Националната Ликовна Академија во Софија, Бугарија на катедрата ,,Плакат и визуелна комуникација’’ во 2017 година. Во 2019 година магистрира на истата катедра, смер – плакат.
Има учествувано на 79 групни изложби во 23 земји во светот, од кои 39 се изложби од интернационални конкурси за плакат, селектирани од страна на врвни светски плакатисти и дизајнери. ,,IMposter – Поврзување‘‘ ќе биде нејзината седма самостојна изложба, по претставувањата во Виница, Кочани и Штип (Македонија) и во Благоевград (Бугарија), во рамите на изминатите две години.
Добитник е на 5 награди:
– 2019 – Прва награда на конкурсот за плакат на Биеналето за дизајн во Перу, во артистичната категорија – Лима, Перу
– 2018 – Пофална награда на конкурсот „Идентичност на симболи и бои“, соработка помеѓу НХА – Софија и Академијата за убави уметности Брера – Милано, Италија – Софија, Бугарија
– 2018 – ПРВА НАГРАДА на конкурсот за плакат „Работа во 2030 г.“ – Потсдам, Германија
– 2017 – ВТОРА НАГРАДА на конкурсот за плакат на тема: „70 години Димитровград. Првите 70 како почеток“ – Димитровград, Бугарија
– 2012 – ВТОРА НАГРАДА на V МЛАДИНСКИ ПРОЛЕТЕН САЛОН – (Национална галерија на Македонија, Чифте амам), Скопје, Македонија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.