Денес (20 Јуни 2019) со почеток од 18:30 часот во македонскиот културен центар во Софија ќе биде отворена изложбата “Дали и ти си мигрант ?” на Дарко Талески.
Уметноста на Талески, слободно може да се дефинира како ангажирана бидејќи во неговото творештво тој реагира на карактеристични и несекојдневни ситуации кои ја опишуваат човековата состојба и зборува во име на оној кој е немоќен. Како реакција на светската бегалска криза, уметникот Дарко Талески создал видео, кое го носи насловот „Да им помогнеме на бегалците“. Посакувајќи да го искаже сопствениот револт, тој го креирал своето дело, едноминутно видео, и истото го прикажал во Музејот на современа уметност во Тајва.
Идеите и концептите за прифаќање и разбирање на другиот и понатаму го поттикнуваат уметникот да создава и твори. Стремејќи се кон севкупно опфаќање на сложената тема – МИГРАЦИЈАТА, во изложбата „Дали и ти си мигрант?“, Талески се обидува да ја прераскаже животната приказна на неколку прилепски уметници, со надеж дека темата ќе ја приближи до сите нас. Пред се, мотивот на уметникот е да ги поттикне и да ja разбуди емпатијата и сочуствителноста претствувајќи ги, преку колажи од фотографии, пишани извори, писма и изјави, животите на 5 прилепски уметници во форма на постери, кои гледачот може индивидуално да ги доживее со користење на современа технологија и можностите на продолжената реалност (augmented reality).
Автор на изложбата е Дарко Талески, кој што ни ја пренесува приказната на 5 локални прилепски уметници поврзани со темата миграција.
Уметници чии што приказни се пренесени во анимираните постери се: Дарко Талески, Васил Костов, Лепа Милошевска, Јасмина Руневска и Ферди Булут.
Дарко Талески е роден во Прилеп, Македонија. Завршил факултет за ликовна уметност во Велико Трново, Бугарија каде што и магистрирал медиум и реклама во 2006 г. Од 2005 година работи како наставник по ликовно образование. Има учествувано на повеќе изложби во Македонија, Бугарија, Англија, Мозамбиг, Германија, БиХ, САД, Канада, Австрија, Тајван, Франција. Неговиот едноминутен филм „Носталгија за уметност“ е прикажан на берлинскиот институт за уметност во 2013 г., на Торонто Урбан Филм фестивал 2013 г. и во музејот на современа уметност во Тајпеј 2015 г. Неодамна ја открива неговата состојба на кожата т.н. skin writing (пишување на кожа) и започнува да го користи сопственото тело како медиум за ликовно изразување, цртајќи на сопствената кожа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.