Во Музејот на град Скопје, в понеделник (28 октомври), со почеток во 20 часот, ќе биде отворена изложбата Црвени емоции на Маја Стефановска

Црвени емоции е најновиот циклус на слики од креативниот опус на авторката Маја Стефановска во кој таа на исклучително деликатен начин ја третира главно женската фигура и нејзините бескрајни метаморфози и трансформации, низ сите животни фази и периоди и различни психолошки / емоционални состојби.

Во последните свои циклуси, Стефановска со порив на имагинативен раскажувач, успешно го негува фигуративното сликарство како стилска определба. Нејзиниот сликарски универзум се состои од документирани сцени проткаени со мистериите на љубовта, радоста и непредвидливоста на живеењето, меланхолија од некои замрзнати мигови присутни во некоја друга стварност, реминисценција и носталгија по изгубени времиња од кои останале распарчени фрагменти сеќавања кои таа ги преточува во слики – сведоштва полни со сензибилитет и суптилност на искусеното.

Во околу 60-ина дела (“Принцеза во ноќтаРастурени емоцииСериозноста на живототПатувам со куќатаПотеклоЕдноБабино сонце”) – длабоко лични, интимни и натопени со емоции, се претставени различни женски фигури, групни и индивидуални портрети и поретко актови…



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.