Во Македонскиот културен центар во Њујорк (Gallery MC) синоќа беше отворена самостојна изложба на скулпторот Славчо Спировски, насловена „Аголност на илузијата на пакетирањето”, која е второ претставување на уметникот пред американската публика.

Се работи за концептуално дело – просторна подно-ѕидна инсталација, специјално подготвена за овој галерискиот простор, односно преобликување на концептот за суштината на скулптурата како илузија за тридимензионалност.

На отворањето на изложбата настапи и пијанистот Симон Трпчески, кој со авторот соработува повеќе од 12 години.

Изложбата на Спировски во Њујорк е реализирана со поддршка од Министерство за култура и ќе биде отворена за посетители до 25 јануари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.