Изложбата за филигранско мајсторство на Мирјана Николоска денеска (28 септември) ќе биде отворена во Охрид, со почеток од 19.30 часот. Ова е шеста самостојна изложба на Мирјана Николоска. Авторката веќе има изложувано во Македонија и во странство, во рамки на фестивалот “Охридско лето” како и на меѓународниот фестивал на Франкофонијата во Созопол.

Со изработката на филигранските мотиви пренесени во уметнички слики, Мирјана Николоска ја продолжува традицијата на еден од најстарите и најубавите македонски занаети, кој се користел низ вековите. Филигранските дела се доказ за љубовта и умешноста на творецот во пренесувањето на една од најубавите техники преку својата мануфактурна умешност, создавајќи префинети, уникатни, оригинални и препознатливи дела од македонското културно поднебје во кои е зачувана традицијата, културата и македонското културно наследство. Овие мотиви и техника пренесени на уметнички слики даваат посебен сјај на оваа традиција.

Сите филигрански дела се изработени од компресирана хартија со срмен конец во златна и сребрена варијанта, украсени со циркони и оригинални охридски бисери. Рачно изработените филигрански дела се со различни димензии, зависно од композицијата, секое оригинално, уникатно и препознатливо за македонското културно поднебје.

Во оваа шеста самостојна изложба може да се видат нови мотиви кои преставуваат континуитет на работата на авторката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.