На 18 октомври, понедленик, во галеријата „Метаноја се отвора изложбата „Убава е Македонија“ на Новица Трајковски. Изложбата ќе трае до 22 ноември 2021.
За изложбата рецензентот д-р Коста Милков ќе каже, „Уметничката техника, методот, обработката, медиумот, жанрот и толкувањето можат да го направат секој физички предмет да мине отаде тварното и видливото; феноменот да каже нешто и за нуменот. … Првиот впечаток кога се гледа секое платно поединечно, а потоа и како целина е повикот на уметникот да се забележи феноменот. Да се види претставеното, да се забележат деталите на него, особено оние аспекти кои потезите, четката и боите ги нагласиле.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.