В сабота, на 18 декември од 14 часот во галеријата „Метаноја“ ќе се отвори изложбата „Психосоматски импресии“ на Панче Ѓоргиев. Изложбата ќе трае до 31 јануари 2022.
За изложбата рецензентот д-р Коста Милков ќе каже, „Овој опус на дела на Панче, кого го познаваме низ повеќедецениско творештво, пројавува безрезервно и беспоштедно разголување на душата. Ова е пример на мирувањето и раздвижувањето доведени до крајни граници. Парадоксот е ставен на драматичен тест. Контемплативниот и интровертен лик или образ на Панче, сета онаа воздржаност, притаеноста и економичноста со зборовите, на белите платна се изразени преку молњи и громови. Мирувањето на духот се манифестира преку раздвижување на раката на уметникот.“
Ване Костуранов за уметноста на Ѓоргиев пишува, „Панче Ѓоргиев со децении тивко опстанува на струмичката ликовна сцена, создавајќи дела кои привлекуваат силно внимание со нивниот колорит, експресивните потези и бескрајните слоеви боја. … Сликарството на Панче е слоевито како и наносите со бои на неговите слики. Тоа зборува на толку многу јазици и раскажува толку многу приказни.“
Настанот ќе биде спроведен според наложените протоколи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.