Во изложбениот салон на Уметничката Галерија во Кумнаово вечер ќе биде отворена самостојната изложба на академскиот уметник Марина Цветановска-Мартиновска. Изложбата е насловена „Помеѓу празното и празнината“ и претставува нејзина осма по ред самостојна ликовна реализација.

Ќе бидат изложени просторни и ѕидни инсталации и цртежи изработени во различни материјали и ликовни техники. Изложбата претставува продолжување и тематски континуитет на нејзината претходна ликовна продукција прикажана во Скопје и Њујорк. Изложбата ќе биде отворена и во јануари.

Марина Цветановска Мартиновска од Куманово, дипломирала во 2000 година на педагошки оддел, насока вајарство со сценографија во класата на професор Станко Павлески на ФЛУ- Скопје. Во 2005 завршува постдипломски студии по вајарство на ФЛУ под менторство на професорот Павлески.

Има учествувано и на голем број групни изложби, колонии во земјава и странство. За својата активност, особено ликвно педагошката, во периодот од 2001 до 2018 година добитник е на преку 150 награди.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.