Музејско-ретроспективната изложба по повод 110 години од раѓањето на претставникот на современата македонска уметничка сцена, Димче Коцо утре ќе биде затворена во објектот Чифте амам на Националната галерија.
Како што соопшти Националната галерија, се работи за исклучителен проект во кој беа опфатени сите техники на уметнички израз на овој универзален уметник, цртежи, акварели, сликарски платна, скулптури и таписерии, голем број од нив првпат претставени на уметничката сцена. Како основоположник на македонското музеолошко наследство, втемелувач на модерната историографија и основач на катедрата за Историја на уметноста при Филозофскиот факултет во Скопје ги поставува фундаменталните почетоци за безвременска европска вредност.
Оттаму посочуваат за неговиот придонес како научник, историчар, уметник, автор со исклучителен и карактеристичен ликовен јазик, нескротлив истражувачки дух, целиот свој животен и творечки век посветен на музејската дејност. Како што наведуваат, Димче Коцо, остави силен белег на втемелување на основите на научно-образовната мисла и градењето на силна културно-историска свест.
Националната галерија, години наназад, редовно вклучува јубилејни одбележувања со цел да го сочуваме споменот за големите автори и да го премостиме просторот и времето меѓу нивното реално физичко постоење и духовното опстојување во колективната меморија на нашиот народ – се вели во соопштението.
Изложбата беше отворена од 23 јуни годинава
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.