В четврток, на пладне, во Ликовниот салон на Македонската академија на науките и уметностите, ќе биде отворена изложбата „Од уметничката ризница на Бигорскиот манастир“. Изложбата е по повод  јубилејот 1.000 години од основањето на манастирот.

На изложбата ќе бидат презентирани дваесетина иконописни дела од ризницата на манастирот, како и дела од применетата и графичката уметност од депоата на музејските институции. Автор на изложбата и на каталогот е д-р Сашо Цветковски, научен советник во Истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов“ при МАНУ.

На свеченото отворање на изложбата треба да се обратат претседателот на МАНУ академик Љупчо Коцарев и архиепископот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г. г. Стефан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.