Во Младинскиот културен центар, денеска (среда, 18 декември) во 19:30 часот ќе се отвори изложба на стрипови и промоција на публикацијата „Школа за ангажиран стрип“
На изложбата ќе бидат претставени селекција од цртежите работени за време на работилниците, стрип постери и финалните стрипови што ги изработија учесниците.
Учесници : Горица Димовска, Гаја Смилевска, Александар Танчовски, Анастасија Зафировска, Теодор Јуруковски, Јасна Николов, Кристијан Поповски и Делфина Велков.
Во периодот април-ноември 2019 година, по раководство на Ѓорѓе Јовановиќ, во рамките на школата се реализираа предавања, работилници, проекции на играни и документарни филмови чиј фокус е стрипот, изработка и поставување на стрип постери во јавен простор како и реализација на кратки стрипови.
Предавачи на Школата за стрип се истакнати автори од различни области како: Томислав Османли, Славчо Димитров, Жарко Букинац, Далибор Плечиќ и други. Работилниците ги водea ликовните уметници Ѓорѓе Јовановиќ и Владимир Лукаш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.