Изложба на слики од уметникот Владимир Темков беше отворена синоќа во Кавадарци.
Темков е роден во Кавадарци во 1959 година. Магистрирал на Факултетот за ликовна уметност во Скопје. Има бројни самостојни изложби во земјава и странство. Учествувал на многу групни изложби и ликовни колонии. Тој е еден од основоположниците на најголемата ликовна колонија на Балканот – „Кавадарци-Михајлово”, рече актерот Диме Коцевски на отворањето на изложбата.
Претседателот на Совет на општина Кавадарци Ристо Сакалиев ја пофали работата на Темков, кого го нарече амбасадор на Кавадарци низ светот.
Авторот на изложбата изрази задоволство од големата посетеност. Беше промовирана и монографија за неговиот творечки пат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.