Друштвото на ликовни уметници на Македонија  во соработка со Дирекцијата за култура и уметност Скопско лето организираат самостојна изложба на Марјана Косточиновска Узунчева со наслов „Деконструкција на пејсажот“. Отворањето на изложбата ќе се одржи на 01.07.2019 година (понеделник) во Галерија 8 Безистен – Стара скопска чаршија со почеток во 21 часот.

Друштвото на ликовни уметници на Македонија повторно ја отвара Галерија 8 Безистен во Старата скопска чаршија во која што еднаш месечно автори членови на ДЛУМ ќе имаат можност да се претстават пред нашата публика, соопштуваат оттаму.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.