Утревечер, со почеток во 20 часот, во КИЦ ќе се отвори изложба на слики насловена „Не биди груб кон стварноста“ од ликовната уметница Јана Куновска. Изложбата ќе биде отворена до 15 јануари.
Својот ликовен опус Куновска почна да го гради во 1992 година, кога се одржа нејзината прва изложба, а досега имаше триесетина ликовни претставувања. Родена во Скопје, дипломирала на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, на отсекот сликарство, во класата на професорот Танас Луловски. Магистерскиот труд го одбранила на истиот факултет во 2009 година, под менторство на професорот Јован Шумковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.