„Убавината на Тетово во различни времиња“ е насловот на изложбата на фотографии што синоќа беше отворена во Тетово.
На отворањето пред присутните се обрати министерот за култура Хусни Исмаили, кој истакна дека Тетово е град со долга и богата историја, култура и традиција кој, со сиот свој сјај и автентичност, својата сегашност ја живее врз темелите на богатото културно-историско минато.
Тој додаде дека постарите жители со носталгија се сеќаваат на она Тетово што веќе го нема, на градскиот шарм, но и на карактеристичните градби кои и денес може да се видат на фотографиите како спој на минатото и сегашноста.
Изложбата, која е во организација на Здружението за просвета, култура и уметност „Калкан“ од Тетово, се реализираше со финансиска поддршка од Министерството за култура во рамките на манифестацијата „Нов културен бран“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.