„Планина“ е насловот на изложбата на фотографии од Димитар Апостолов која вечерва во 20 часот ќе биде отворена на тајна локација. Местото на отворање ќе биде соопштено во текот на денот на овој ЛИНК, а ќе биде проследено со музички перформанс на „Сетстат“.
Ова е петта самостојна изложба на Апостолов. Досега учествувал на повеќе групни изложби и добитник е на бројни домашни и меѓународни награди, главно во доменот на уличната, портретната, експерименталната и пејзажната фотографија, но работи и други жанрови.
Настанот е конципиран како хибриден – ќе се одржува онлајн преку виртуелен стриминг и во живо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.