Вчера се отвори фотографска продажна изложба “Nos Creare” на децата од малите групни домови во Национална галерија – Чифте Амам, Скопје. На изложбата присуствуваа, министерката за труд и социјална полиика Мила Царовска, министерот за образование Арбар Адеми, како и преставници од меѓународните организации, амбасадите и граѓанскиот сектор.
На продажба беа понудени 28 уметнички фотографии коишто на фото- сафари работилница изминатата половина година ги фотографираа деца од малите групни домови. Фотографиите ќе продолжат да се продаваат и може да се видат на инстраграм профилот nos.creare, а од идната недела и на веб страницата www.creative.com.mk. Собраните средства ќе се искористат за купување на фотографска опрема и компјутери. На овој начин се создаваат услови децата да учат нови вештини и да креираат нови дела.
Децата од малите групни домови се наша голема гордост! Нивните успеси се доказ дека секое дете има потенцијал во кој целото општество треба да вложува.Затоа и понатаму ќе вложуваме, за секое дете и секој млад човек да има еднакви шанси! Им благодарам од се срце на сите кои беа дел од организација на изложбата. На мое огромно задоволство, 75% од децата ги извадивме од големите безлични институции. Со добри политики и вистинска грижа, сите заедно растеме, градиме хумано и праведно општество, бидејќи сите деца заслужуваат љубов и топол дом, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.
Особено се радуваме што сите заедно го видовме творечкиот дух на нашите деца кои половина година низ практична и теоретска едукација на различни локации низ државата како дел од фото-сафари работилниците создадоа 28 уметнички фотографии. Истовремено се гордееме со успешноста на процесот на деинституционализација што го води Министерството за труд и социјална политика со меѓународните партнери“, рече Владо Караев, дел од тимот на трансформираната институција „25 Мај“.
Работилницата за фотографија е една од низата успешни приказни за едно општество за сите од која се видливи првите ефекти и напредок. Крајната цел е во наредниот период да ги збогатиме програмите за едукација со што слободното време на децата од малите групни домови ќе го посветиме на учење занимања, вештини и социјализација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.