Со 22 фотографи кои се претставуваат со вкупно 44 фотографии фото – клубот „Чкрап“ од Тетово синоќа ја отвори традиционалната 16. годишна изложба на фотографии во Уметничката галерија во градот.
На оваа изложба имаме 22 фотографи кои се претставуваат со вкупно 44 фотографии. Нашиот концепт е изложна на работата на луѓето, на фотографите и како тие гледаат на тоа не е според зададена тема. Фото групата имаше апсолутна слобода во избор на мотив, техника,формат па дури и на начинот на презентација на фотографиите, изјави Драги Неделчевски од Фото – клубот „Чкрап“ од Тетово синоќа на отворањето на изложбата.
Некои од фотографиите се изложени и во други градови.
Имаме членови и од други градови во државата, како и од странство. Направивме принт изложба, а каталогот ни е дигитален и така го испративме електронски до публиката, рече Неделчевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.