Во Националната галерија „Мала станица“ вечерва со почеток во 20 часот ќе биде отворена самостојната изложба на македонска ликовна уметница Калина Брајковска. Ова е нејзина шеста самостојна изложба. Неоекспресионистичкиот стил и силните бои се дел од карактеристиките на изразот на Калина Брајковска. Таа ужива во платната со големи димензии каде што го претставува својот бескрај.
Калина Брајковска е родена на 27.12.1979 година во Скопје. Дипломирала на Филозофскиот факултет на отсекот историја на уметност со археологија, се занимава со применета уметност (дизајн) и сликарство. Реализирала повеќе изложби од кои позначајни се: групна изложба во галеријата на НЛБ банка, дизајн на парчиња облека на Неделата на дизајн во „Куршумли-ан“, изложба во фоајето на МКЦ, изложба на Саемот за дизајн во Торино, самостојна изложба во Галеријата на Младинскиот културен центар и самостојна изложба во кафе-галеријата „Концепт 37“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.