Во Центарот за култура во Неготино, утре ќе биде отворена самостојната изложба на Цветанка Јованова Хермес.
Цветанка Јованова Хермес е родена во Неготино, Република Македонија, во 1979 година. Дипломирала во 2001 година на ФЛУ во Благоевград, Бугарија – отсек графика, а во 2011 година магистрирала на ФЛУ Скопје.
Учествувала на неколку групни изложби и на преку 100 колонии, работилници и ликовни перформанси во земјата и странство, како и петнаесетина самостојни изложби.
Јованова цели кон креирање на незаборавни уметнички дела, поттикнати од нејзиното искуство и секојдневие.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.