Проектот во Музејот на град Скопје се реализира по повод Наградата „Борко Лазески“ која младите ликовни уметници ја добија во 2018 година. Изложбата ќе биде отворена на 12 јуни во 20 часот.

Во договор со семејствота на Борко Лазески (кое на Музејот на град Скопје му ги подари картоните од овој уметник употребени за реализација на големата „Фреска за НОБ“ реализирана во аулата на Старата железничка станица во Скопје во 1958.) Музејот на град Скопје прифати секоја година да организира самостојна изложба на студент од Факултетот за ликовни уметности од Скопје кој во претходната учебна година ја освоил наградата „Борко Лазески“ за инвентивни достигнувања во сликарскиот оддел. Овојпат тоа се Ана Миланова и Игор Таневски.

Без некоја договорена намера и двајцата уметници во нивните проекти ги реализираат сопствените идеји преку она што се именува како дигитални печат. За Миланова тоа се графички истражувања поврзани со нејзината фасцинација од културата на Јапонија а за Таневски дигиталниот печат е крај на една цела низа од примени на новите технологии: снимање, обработка, форматирање.

И двајцата автори сосема компетентно владеат со замислените концепти а нивните изложби се релевантен одраз на некои современи текови и состојби во ликовната уметност денес.

 

Ана Миланова (Скопје, 1996.) дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во класата на професорите: м-р Јован Шумковсли, м-р Станко Павлески, д-р Трајче Блажевски и д-р Фехим Хусковиќ.

Миланова веќе подолго време се занимава со „ентертејмент индустријата“ – преку нејзината активна кариера како илустратор, дигителен 3D артист и концептуален дизајнер, најинтензивно во областа на „гејминг индустријата“.

 

Игор Таневски е роден 1995 година во Скопје, Република Северна Македонија.

Дипломирал 2018 год. на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во класата на проф. Жанета Вангели.

Во моментов е на последипломски студии на ФЛУ- Скопје.

Од 2016 год. до денес учествува на групни изложби во Македонија, во 2017год. во Париз- Франција и 2018год. и во Малме- Шведска.

Избрани изложби и награди2017 Наградено и откупeно дело на изложбата 1101: СВ. КЛИМЕНТ НИЗ СОВРЕМЕНАТА УМЕТНИЧКА ПРИЗМА од НУБ Св. Климент Охридски- Скопје2018 Награда за сликарство „Борка Лазески“ од Факултетот за ликовни уметности- Скопје;  2018НУ Музеј на современата уметност – Скопје,  учествува на XII Биенале на млади уметници „Ќе биде ли доцна ако времето запре“ 2018Галерија – МКЦ- Скопје. Учествува на Поместени граници II-ро издание на ДЛУМ- Скопје ; 2018 Награда за сликарство доделена од Друштвото на ликовните уметници на Македонија ; 2019 ЈУ Музеј на Град Скопје, учество на Портали, CreArt Skopje.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.