Изложба „Мал формат“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) вечер ќе биде поставена во Културно информативниот центар (КИЦ) во рамки на манифестацијата „Бела ноќ“ во соработка со КИЦ од Скопје и Универзална сала.
На изложбата, што ќе биде отворена 10 дена, учествуваат 33 автори-членови на ДЛУМ: Ана Темкова, Дијана Томиќ Радевска, Стефан Димовски, Златко Бојковски, Марина Лешкова, Ацо Таневски, Андријана Мациев, Зуљеха Али, Борче Богоевски, Христина Зафировска, Валентина Илијевска, Мирјана Крстева Массети, Драган Верговски Алпи, Никола Пијанманов, Мира Дуковска, Марија Мицова Гацова, Јакуп Хајро, Пандора Апостолоска Саздовска, Дејан Иванов Маргуш, Слободан Милошески, Агрон Абдули, Силвана Атанасовска, Тања Таневска, Жаклина Глигориевска Кочоска, Петра Јовановска, Перо Кованцалиев, Емилија Божиновска, Душан Георгиевски, Ивона Велковска, Маја Димитрова, Сашо Саздовски, Марија Светиева, Ана Ивановска.
За изложбата „Мал формат“ од страна на ДЛУМ, се додели една награда за „Мал формат“ на авторот Валентина Илијевска, а од страна на Културно информативниот центар КИЦ ќе се доделат три награди насловени како „Вангел Коџоман”, „Адем Кастрати” и „Константин Мазев-Коце”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.