На 10 декември (понеделник) во 19 часот, во втората сала на Музејот на Град Скопје ќе се отвори самостојната изложба „Хероините на нашето време“ на академската сликарка Јана Јакимовска. Изложбата е омаж на жените-хероини во македонското општество кои му се спротивставија на репресивниот, конзервативен, мизогин и хетеронормативен систем на вредности.

Кураторката Елена Вељановска ќе каже: „Изложбата “Хероините на нашето време” ја нагласува потребата за паметење и историзирање, но и повикува на рамноправност во паметењето во услови на доминантна хероизација на маскулинистичките симболи на моќ. Потоа таа отвора дискусија за ре-дефиниција на улогата на современата жена во македонското општество, и токму преку симболичната  употреба  на   поимот  хероина, таа воедно и предлага ново читање и пишување на скорешната историја. И најнакрај, таа го ревитализира медиумот на оваа изложба – портрет-на уметност – којшто е крик да се врати достоинството на старите медиуми, коешто им беше одземено со нивната употреба во пропагандни цели.“

Јана Јакимовска е вонреден професор на Ликовната академија при Универзитет Гоце Делчев – Штип. Ова е нејзина петнаесетта самостојна изложба.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.