Друштвото на ликовни уметници на Македонија го најавува отварањето на изложба „ДЛУМ нова генерација на млади“ која што ќе се одржи на 6 март, в петок во Уметничкиот центар АРТ ХАБ , ГТЦ, 2 спрат, локал 306 во Скопје со почеток во 19 часот.

На изложбата ќе учестуваат : Александар Зафировски, Бојан Ковски, Владимир Здравески, Ѓорги Динев, Давор Кешќец, Ива Станковски, Кристијан Јованоски, Марко Вујисиќ, Стефан Младеновски, Филип Цакоски, Ана Спасова, Ана Трајковска, Игор Таневски, Виктор Семенпеев и Зуљеха Зибери Али.

На отварањето на изложбата пригоден говор ќе одржи Претседеталот на  Македонија Стево Пендаровски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.