По повод 13 Ноември денот на ослободувањето на Скопје, деновиве од печат излезе вториот дел од книгата „Власите низ историјата на Градот Скопје”.

Книгата е двојазична на македонски и на влашки јазик, без нормативна димензија. Самиот материјал/содржина е своевиден практичен показател на личностите Власи и од влашко потекло кои твореле/ат и битисувале/аат во мултијазичното и мултикултурното Скопје. Нивното место, улогата и учеството во голем број историски процеси во периодот пред и по Илинденското востание и периодот на НОВ, кои многумина од нив биле и основачи на КПМ и носители на Партизанска споменица 1941. Власите беа дел и од процесот на создавањето на НРМ и независна Македонија (1991). Нивниот придонес продолжува и во современите општествено-економски и политички текови на градот и на целата земја. Впрочем за тоа сведочи и самата содржина, во која самите учесници ја раскажуваат нивната лична приказна и приказната на нивните семејства.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.