Вечерва (15.02) со почеток во 20 часот, во „Котур“ може да се погледне изборот на кратки филмови од режисерот Игор Иванов – Изи. Ќе бидат прикажани следните филмови: Ќебето на Ацо Шопов, Часовникот, Бубачки, Верувам во љубовта и Љубовникот. По проекцијата публиката ќе има можност да постави прашања на режисерот, кој ќе биде присутен на самите проекции. Влезот е бесплатен.
1. Ќебето на Ацо Шопов 1996
Краткометражен филм во режија на Игор Иванов Изи, во соработка со Драган Абјаниќ, Бранд Феро и култната македонска хип-хоп формација Чиста Околина. Година на производство:1996
2. Часовник ( THE CLOCK )
- Содржина: Филм за клаустрофобичната немоќ за комуникација со надворешниот свет.
- Награди: Награда за најдобар краток филм на конкурсот на Советот на Европа во 1997 година.
- Земја на потекло: Република Македонија
- Продукциjа: Филмска младина на Македонија
- Копродуценти: Вардар филм Скопје и Македонска телевизија
- Продуцент: Блаже Миновски Гроф
- Времетраење: 7 минути
- Формат: 35 м.м. филмска лента
- Звук: Да
- Во боја: во боја
- MM: 0
- Година: 1997
Автори:
- Режија: Иванов Игор – Изи
- Директор на фотографија: Самоиловски Владимир
- Тон: Зафировски Братислав – Брацо
- Светло: Богоевски Петар
- Монтажа : Боле Јовановиќ
- Музика — Ориѓански Златко, Спасовски Зоран
- Сценографија — Блажевски Сашо
- Костими и шминка : Марија Манинска
- Менаџер на продукција: Георги Георгиевски ЏОКЕР Сет менаџер : Јовановски Перица Постпродукција : ВИДЕО ЛАБ Скопје, TEHNICOLOR – London, MIDNIGHT TRANSFER – London
3. Бубачки
Содржина: „Петар е аутистично момче кое живее во сопствен свет, заштитен од очајната реалност и од дезинтеграцијата на неговото семејство. И покрај тоа, реалноста продира во неговиот свет и го уништува. Петар се одмаздува.“ По известувањето за татковата смрт Петар се сеќава на своето трагично детство: Таткото на Петар работи на споредна железничка станица. Тој е алкохоличар, исфрустриран од некој неуспех во шаховски турнир. Ја малтретира мајката. Поради тоа Петар живее затворен во сопствениот свет во кој доминира неговата опсесија од бубачките. Мајката си заминува, девојчето со кое Петар се дружи е уплашено од алкохолизираниот татко. Додека таткото е пијан, Петар пренасочува еден воз во погрешен колосек. Тоа е неговата одмазда.
Автори:
- Режија: Иванов Игор – Изи
- Директор на фотографија: Салковски Томи
- Монтажа: Андреевски Игор
- Актер: Митевска Лабина, Митковски Оливер, Мирчевски Петар, Јачев Владимир
- Продуцент: Анастасов Владимир
- Сценографија: Бартлинг Иван Вања
- Тон: Зафировски Братислав – Брацо, Атанасовски Горан-Роботек
- Светло: Богоевски Петар, Крстевски Милосав – Ага
- Асистент снимател: Крстевски М. Александар
- музика: Зоран Спасовски
- прв асистент по режија: Ѓорѓи Јаневски
- скрипта: Алисија Феро
- прв асистент на камера: Сретен Паковски
- сториборд: Наташа Андонова
Играат: Ѓорѓи Крстевски, Јелена Богоевиќ
- Производство: Сектор филм – Скопје, со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Македонија
- Земја на потекло: Република Македонија
- Род: Краток игран филм
- Времетраење: 15 минути
- Тип: Филмска лента
- Техника: вајдскрин
- Звук: Да
- Во боја: во боја
- MM: 35
- Година: 2003
4. „ВЕРУВАМ ВО ЉУБОВТА“ (Македонија, 2013, Игор Иванов – Изи)
Улиците во ромските маала се полни со живот, во дворовите си играат деца, а зад затворените врати на трошните домови владее сурово насилство. Ова е филм за жени- жртви на сопствената љубов, изопаченото сфаќање на традицијата и бракот, животот на маргините на општеството во кое правдата е „добро воспитана“, па нема намера да се меша во брачните односи. Различните приказни на жени од различни генерации заробени во безизлез, поддржани од шовинистичкиот светоглед на своите сопрузи, цврсто ветуваат дека културата на семејно насилство ќе продолжи, ќе се негува и ќе трае…
5. „Љубовникот“ е насловот на нoвиот краткометражен филм по сценарио и во режија на Игор Иванов Изи. Она што е специфично е дека е снимен во манирот на старите неми филмови од 30-тите години на минатиот век.
Снимањето, кое се одвиваше во скопската населба Карпош 2, заврши пред неполни два месеци, а сега филмот е во завршна фаза на пост-продукција.
Атмосферата на немиот филм е присутна на сите нивоа – снимање со 18 квадрати во минута, звучни ефекти, сценографија, костимографија, приод на камера, но и актерска игра со нагласена гестикулација својствена за тој период.
Филмот раскажува приказна за љубовен триаголник, а улогите ги толкуваат: Игор Ангелов, Наталија Теодосиева и Сашо Петровски. Кинематографери на филмот се: Драган Салковски, Дејан Димески и Томи Салковски, костимограф е Емилија Атанасовска, монтажата е на Владимир Павловски, а продуцент е Томи Салковски.
„Оваа нетипична филмска авантура за актуелното време има амбиција да потсети на филмската естетика од минатото, на големината на подвижните слики независно од тонот, и гледано од денешен аспект, гледачот да ја види таа сензација и натаму како свежа филмска форма.“, велат авторите.
Филмот е во продукција на „Скопје Филм Студио“а истиот е подржан од Агенцијата за филм на РМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.