Музичката програма на „Охридско лето“ продолжува со вечерашниот концерт на тенорот Алесандро Фантони, во пијано придружба на маестро Џорџо Мартано. Концертот ќе се одржи во катедралната црква „Света Софија“ со почеток во 21 часот.
Алесандро Фантони е роден во Џенова, студирал на Академијата за опера при операта во Цирих, Швајцарија, а се усовршувал со Роберто Сервиле. Поддружуван е од Фондацијата која го носи името на Лучано Павароти, а концертно ја изведува тенорската партија во Деветтата симфонија на Бетовен во Токио, и Росиниевата „Мала света миса“ во Марсеј. Алесандро Фантони е добитник на повеќе награди на натпревари за соло-пеење во Италија.
Џорџо Мартано е пијанист и чембалист. Студира и дипломира во Италија, а за време на студиите се стекнува со искуство како корепетитор на соло пејачи со особен афинитет кон лирскиот репертоар. Како репетитор се здобива со диплима од Академијата на Миланската скала, каде корепетира и работи на проби како музички асистент на повеќе продукции, а соработува и со балетскиот ансамбл како музички соработник. Во 2012 година по пат на аудиција е ангажиран во Театарот во Комо каде и денес работи, додека пак во 2014 година остварува соработка со театарот „Станиславски“ во Москва. Од особено значење за Мартано се едукативните проекти за најмладите, па така тој соработува во повќе продукции кои се инспирирани од лирскиот оперски репертоар, а се наменети за деца од различни возрасти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.