Во рамките на програмата на МОТ, денеска, 6 декември (понеделник) на репертоарот се претставите:

ИСКРИЧАВО / Скопје танцов театар (МКД), претстава во три дела, која во 19 чесот ќе се одигра во Дом на АРМ

Скопје танцовиот театар, првата официјална современа танцова компанија во нашава земја, основана и предводена од кореографката Рисима Рисимкин во 2011 година, годинава прославува 10 години од своето основање. Компанијата во континуитет, активно работи на создавање, промоција и презентација на современата танцова уметност кај нас, како и нејзин пласман на светската танцова сцена.

Прв дел – „Не ми ги допирај очите“, кореографија на Адријана Данчевска.

„Не ми ги допирај очите“ се поистоветува со човекот во Македонија. Го слави животот, убавото во едноставното и гневот во постоењето. (Кога ќе те снема, може повторно да те заима)

Следете политика и главите кон сонцето!

Втор дел – „Меѓусвет (УБАВИТЕ ЖЕНИ)“ – Дует, кореографија на Рисима Рисимкин.

„Убавите жени во мојот народ

тие брзо прецутувале

Како цут од кајсија

Како мајски јоргован“

Б. Конески

 

Трет дел – „DEVIL’S HOLE“, кореографија на Дејан Битровски.

Кого залажуваш? Помина веќе една година како танцувам покрај амбисот. Немам намера да забавам. Поздрав.

Претставата Пандорината кутија: Наследството на ќерката / Медиа Артес (МКД) во режија на Ришард Ниечим во 20 часот ќе се одигра во МКЦ, сала 25 Мај.

Претставата по текст и режија на Ришард Ниечим (Канада) е дел од циклусот претстави на авторот под заедничкиот наслов „Древни огледала/Современи гласови“. Претставата е во 2 чина, од кои првиот чин ги претставува древните гласови или патријархалната херојска перспектива на мажите и машките богови и божици на античка Грција во однос на жените и женственоста, додека вториот ги претставува современите гласови на наследената патријархална херојска перспектива на современите мажи и жени без потхранувачките митови за античките богови и божици и наследената борба на жените за ослободување на сопствениот Женски Глас.

„Пандорината кутија: Наследството на ќерката“ покренува некои од тековните прашања: Кои се денес ќерките на Пандора? Што се сменило за овие 30 века од Хесиод наваму, во улогата/-ите на жените и женственоста во западните култура и општество?аат во соодветните корпи за рециклирање отпадок со цел за да живееме во здрава средина со чист воздух, чиста вода за пиење и чиста земја за одгледување здрава храна.

Мајсторот за спомени / Артопија, Скопје (МКД) во режија на Јане Спасиќ во 22 часот ќе се одигра во МКЦ, сала Фросина.

По првата успешната соработка меѓу Јане Спасиќ и „Артопија“ на претставата „Експеримент“, овој ‘тандем’ повторно се втурнува во истражување на меморијата (сеќавањата и спомените), која е главна тема на интерес во претставите на авторот. За разлика од „Експеримент“ каде што главен фокус беше односот на индивидуата со колективните мемории, претставата „Мајсторот за спомени“ е интимно патување и согледување на спомените од приватниот живот во креирањето на идентитетот на луѓето. Зошто некои настани остануваат како спомени? Зошто други ги забораваме? Кои ги потискаме длабоко во себе, а кои нѐ потискаат нас? Дали постоиме без сеќавања? Каква е корелацијата меѓу мемориите, животот и театарот? Дали ние го креираме минатото или тоа е наш белег, кој неуспешно се трудиме да го сокриеме.

Билетите за претставите изнесуваат 300 денари. Истите се достапни преку bileti.mkc.mk и на билетарница во МКЦ.

Тимот на МОТ го задржува правото на измени во распоредот на претставите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.