Делото на британскиот уличен уметник Бенкси кое делумно се самоуништи непосредно по продажбата на аукција пред 3 години е продадено денеска за (21,8 милиони евра), што е рекорд за дело на овој уметник и речиси 20 пати повисока отколку цената пред сечкањето.
Делото „Љубовта е во канта“ беше е понудено во аукциската куќа Сотби во Лондон со почетна цена од 4 до 6 милиони фунти.
По десетминутно наддавање на 9 понудувачи во салата и на телефон, делото е продадено по цена трипати повисока од горната граница на проценката.
Делото се состои од половина исечекано платно во рамка, а на него е нацртано девојче кое се обидува да фати балон во облик на срце.
Кога последен пат беше продадено во Сотби во октомври 2018 година делото беше познато како „Девојче со балон“. Во моментот кога анонимен европски купувач ја даде победничката понуда од еден милион фунти скриениот механизам за сечкање кој Бенкси го вградил во рамката проработе и платното помина низ него и делумно остана да виси под рамката во реси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.