Денеска, среда (20.11.2019) со почеток во 19 часот од страна на Амбасадорот на Финска, Кимо Лахдевирта ќе биде отворена изложбата „Иновативен фински дизајн” во Центарот за дизјан и иновации „Јавна соба“.

Оваа изложба се состои од панели на кои е прикажан креативен пристап во решавањето на сложени технолошки проблеми; од дизајн на инфомрациски и комуникациски технологии, бродоградба, дизајн во здравството, па се до иновации во индустријата за мебел.

Автор на изложбата е Јарно Пелтонен, поранешен директор на Музејот за дизајн во Хелсинки.
Изложбата “Иновативен фински дизајн” на која може да се погледнат овие проекти, а и да се научат некои интересни факти за Финска, ќе биде отворена за посетители се до први декември, односно до завршувањето на Неделата на дизајн во Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.