Иницијативата „Култура или Фис-култура?“ веќе четири месеци се бори и протестира, но и по судски пат ја бара правдата против несоодветниот директор на НУЦК „Антон Панов“ – Струмица.

Како што велат, загрижени од тоа каква ќе биде нивната разврска, од Иницијативата се обратиле до сите можни институции и инстанци, но скоро сите останале глуви по однос на нивниот проблем, кој ќе станува сѐ посериозен и посериозен.

Ние сме свесни и знаеме дека одиме по вистинскиот и правичниот пат, но нашето трпение се исцрпува.

 

Во насока на побрзо решавање на истиот, како што веќе објавивме, Иницијативата смета дека е битно луѓето кои нѐ застапуваат во Собранието, да го свртат погледот кон своето родно место, (затоа што тоа автоматски е и нивен проблем) да дојдат на средбата и да се заложат во Парламентот со крајна цел решавање на проблемот.

 

Не сакајќи да дојде до било какви недоразбирања, истакнуваме дека ние, луѓето од Иницијативата, средбата ја гледаме целосно надпартиски и со почитуваните пратеници ќе разговараме единствено како народни претставници од струмичкиот регион и би сакале лично да ги запознаеме со причините и мотивите за нашиот бунт.

 

Претпоставуваме дека и пратениците се делумно или целосно запознаени, но и засеганти од неправдата која ни’ се случува, па затоа потенцираме дека средбата би била значајна и валидна, кога на истата ќе се појават СИТЕ народни пратеници од струмичкиот регион – велат од Иницијативата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.