Старото училиште „Димитар Влахов“ во село Љубојно ќе стане Центар за грижа и промоција на македонскиот јазик. Оваа иницијатива ја соопштија вчера од Влада за време на панел-дискусија по повод две години од Договорот од Преспа.

Училиштето е основано пред 76 години и е прво училиште по македонски јазик во Преспа, а второво државата.

Во неа учествуваа и Људмил Спасов, претседател на Советот за македонски јазик, Елена Јованова-Грујовска, директорка на Институтот за македонски јазик, Марјан Марковиќ, дописен член на МАНУ, Елизабета Бандиловска, професорка на Педагошкиот факултет во Скопје, Ацо Костов, директор на Управата за заштита на културното наследство, како и претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Според професорот Спасов, со обновата на ова училиште во Центар за промоција на македонскиот јазик, ќе се обезбеди уште едно место на кое ќе се собираат лингвисти, педагози и наставници и професори по македонски јазик и ќе доаѓаат ученици да се подучуваат и да научат работи на терен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.