Има позитивна реакција од страна на министерот за потпишување на колективниот договор до крајот на годината. Треба да се договориме, усогласиме со пресметките и ставовите на останатиот синдикат, но секако дека постои верување дека ќе се потпише колективниот договор до крајот на годината, изјави Сања Арсовска, претседателка на индикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) која денеска со уште двајца членови од Синдикатот имаа средба во Владата со премиерот Зоран Заев.

Револтирани поради неносењето нов Колективен договор во културата, културните рабници и уметници претходно маршираа низ центарот на Скопје, бидејќи власта го проби рокот до 30 септември, кои тие го дадоа за усвојување нов Колективен договор.

На средбата присустуваше и националниот координатор за култура, претставници од министерството за култура и СКРМ. Ние како СКРМ доставивме еден предлог и направивме едни пресметки и беа разгледувани пресметките. Да, има позитивна реакција од страна на министерот за потпишување на колективниот договор до крајот на годината. Треба да се договориме, усогласиме со пресметките и ставовите на останатиот синдикат, но секако дека постои верување дека ќе се потпише колективниот договор до крајот на годината. Има некои правни работи и неправилности кои се настанати во минатото и треба да се изнајде начин како најбезболно да се решат за да не настане штета. Сите се согласивме дека оој колективен договор треба да биде правичен за сите, изјави Арсовска по средбата во Владата.

Од СКРМ му предочиле на премиерот дека тие имаат донесено одлука за штрајк.

Одлуката уште стои и таа во секој момент може да биде активирана. Секако дека ќе почекаме уште одреден период да видиме како ќе се одвиваат преговорите. За две недели се договоривме да направиме уште една средба, да ги видиме новите позиции, да ги усогласиме новите ставови, додаде Арсовска.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.