Илина Арсова разочарана од состојбите во Охрид на својот фејсбук профил напиша:

За првпат во Охрид се слуша жабокречина, чувство како да си на Дојранско. Немам ништо против жабите, ниту пак против алгите, но тоа е знак за еутрофикација на езерото. Причината се зголемените фосфати и нитрати во водата, односно ѓубрива и фекалии кои во потегот кај Лагадин најчесто доаѓаат од домаќинства, несоодветно регулирани кафичи и ресторани долж крајбрежјето. Одговорноста е наша, нема бегање. Дали ќе се запре ова дивеење под итно, или Охридско набрзо ќе се претвори во базен од измет, на чие крајбрежје богатите упорно ќе сакаат да се богатат, а туристите ќе си заминуваат со болести и вируси без желба за повторно да се вратат! За жал УНЕСКО е веќе мит!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.