И додека иконостасот стар скоро 180 години во црквата Свето Благовештение во Прилеп со децении се распаѓа, партиите меѓусебно се обвинуваат кој бил виновник за таа состојба без притоа да кажат зошто досега не е преземено буквално ништо во последниве 30 години.
Директорот на музејот Благоја Атанасовски вели дека со пренамена на средства ќе започнела негова заштита.
Сакаме да ја увериме јавноста дека тој проект е изработен и го очекуваме решението од Министерството за култура за да почнеме со активности, рече Благоја Атанасоскии, дииректор на Завод и Музеј Прилеп.
Oд ВМРО-ДПМНЕ преку соопштениие потенцираа дека токму пратеникот Хари Локвенец бил еден од тие, како што велат, кои треба да сносат одговорност за овогодинешната најскандалозна програма на Министерството за култура каде Прилеп не постои и одбиен е проектот за црквата Благовештение.
Свештениците пак кои со години бараат негова заштита повторно порачаа дека ако иностасот не се заштити тој може да се урне.
Не е далеку денот кога постои опасност иконостасот, со оваа голема висина и маса што ја има, да падни кон народот, кажа протоереј ставрофор Благоја Станкоски, архиерејски намесник.
Иконостасот е трет по вредност во Македонија после оној во Бигорскиот манастир и црквата Свети Спас во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.