„Иднината е приватна“ на независната театарска група „Пресврт“ од Скопје, во режија на Милош Б. Андоновски вечер во 19 часот ќе биде изведена онлајн во рамки на 45. Млад отворен театар – МОТ.
Како што соопшти Младинскиот културен центар (МКЦ), „Пресврт“ почна токму со овој проект, истражувајќи го реалниот живот, наспроти животот на интернет, приватноста и приватизацијата, дистанцираноста во сајбер- просторот.
„Иднината е приватна“, во режија на Милош Б. Андоновски беше идеја што се развиваше уште пред појавата на вирусот и карантинското онлајн функционирање. Во време кога виртуелниот простор е единствената агора во која луѓето живеат, која е позицијата на човековата приватност? Дали таа ќе исчезне под влијанието на социјалните мрежи или вешто ќе ја зачуваме? Што се случува кога нашиот идентитет го гради одреден алгоритам? Можеби токму софтверот ќе нè натера да се навратиме кон она што е човечки. Поставена во далечната иднина, претставата „Иднината е приватна“ зборува за живот оформен од физичка дистанца, изолација и комуникација исклучиво преку виртуелни профили, се вели во соопштението од МКЦ.
Билетите се строго ограничени и достапни само преку bileti.mkc.mk. Oнлајн претставите се бесплатни (со задолжително „подигнување“ на билети), а билетите за претставите кои се играат во живо (во МКЦ и Универзална сала) изнесуваат 300 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.