Македонскиот народен театар (МНТ) денеска слави голем јубилеј, 75 години од првата премиера, претставата „Платон Кречет“ во режија на Димитар Ќостаров.
Иако денес сцената е празна, сите ние го чувствуваме мирисот на сцената и театарската светлина во нас. Сите овие изминати години беа исполнети со дружење, смеа, креативност, силина, моќ, радост … Вие, актерите, од различни генерации одигравте/играте на сцената со бескрајна посветеност, страст, жар, пожртвуваност и секогаш дававте/давате се од себе, велат од Националниот театар.
Од претставата „Женидба“ 1979 година
Огромен е бројот на режисерите, драматурзите, сценографите, костимографите, композиторите, сектор светло, сектор тон, сектор видео, инжинерите, гардероберите, реквизитерите, шминкерите, фризерите, изработувачите на сценографија, декоратерите и администрацијата кои со неуморна сила секогаш сте присутни зад сцената овозможувајќи непречено да се одвива магијата и таа посветеност е непроценлива.
Од претставата „Пикник“ 1958 година
Сите заедно направивме театарот да живее, расте и се развива, и истовремено да се прикаже на сцената мигот од животот пред верната публика! Иако прв пат се соочуваме со празна сцена и празни седишта, повторно светлата ќе се запалат, сценографијата ќе иде на сцената и вие, актерите, ќе ги облечете костимите и изговорите текст, затоа што театарот бил, тука е и ќе остане засекогаш! Иако сега ова е тивок период на сцената, неговото бескрајното патување низ времето продолжува со креирање и планирање на нови претстави, проекти, изложби …., велат од МНТ, кој се заблагодарува на сите кои биле и кои се дел од МНТ на било кој начин.
„Црнила 005“ од 2005 година„Балканот не е мртов“ од 2001 година
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.