Денеска и утре, 17 и 18 јули, во МКЦ-парк повторно ќе се одржат бесплатни кинопроекции на отворено.

Билетите се бесплатни и задолжителни, истите може да се набават преку bileti.mkc.mk.

Денеска на репертоар е „Portrait of a Lady on Fire“ (2019) во режија на Céline Sciamma, а в сабота ќе биде прикажан „Everybody Knows“ (2018) во режија на Asghar Farhadi.

Настаните ќе бидат реализирани по соодветен протокол, запазувајќи ги препорачаните мерки за заштита.

Двете проекции почнуваат во 21 часот. Обезбеден е превод на македонски јазик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.